недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер јунајтед почнал преговори за Дибала

Манчестер јунајтед почнал преговори за Дибала

Интер се чини дека нема да го добие потписот на Дибала, Аргентинецот станува нетрпелив да го најде новиот клуб, а велат дека можно е да заврши во Манчестер јунајтед.

Манчестер јунајтед разговара со претставниците на Пауло Дибала за евентуален негов трансфер на Олд Трафорд.

Интер побарал од Дибала да биде трпелив, но Аргентинецот нема намера веќе да чека, па се поизгледно е дека може да замине надвор од Италија иако неговата првична цел беше да остане во татковината.

Манчестер јунајтед со ангажман на Дибала ќе покаже амбиција која ја сака Кристијано Роналдо.

Црвените ѓаволи се неубедливи во летниот преоден рок, а тоа му пречи на Португалецот кој се уште не се појавил на подготовките.