недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Предложен притвор за дилер на марихуана од Скопје

Предложен притвор за дилер на марихуана од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик

Осомничениот најпрвин набавил семе и засадил канабис во саксии во неговиот дом. Растенијата ги одгледувал и од нив произведувал наркотична дрога – марихуана, која ја пакувал и неовластено ја продавал на наркозависници од Скопје за сума од 500 до 1.000 денари по грам. При претресот, полициските службеници во неговиот дом на улицата „Христо Батанџиев“ пронашле 399,04 грама марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.​​