Покрај веќе одамна договорениот Пол Погба, која доаѓа од Манчестер Јунајтед, управата на Јувентус го договорила и трансферот на Анхел Ди Марија од ПСЖ, што е огромен успех за „бјанконерите“ со оглед што двајцата би биле ангажирани како слободни фудбалери.
Веста за договорот на составот од Торино со аргентинскиот репрезентативец денеска ја потврди најдобро информираниот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, кој напиша дека ќе биде потпишана едногодишна соработка.
Ди Марија имаше понуди од Барселона и неколку премиерлигаши, но се реши кариерата да ја продолжи во Серија А. Неговото пристигнување во Торино се очекува неделава, додека официјалниот потпис на договорот со Погба е закажан за в сабота.