четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев лажеше и за преговорите за членство: Ветуваше отпочнување годинава, а доби условен датум за наредната година

Реалноста е дека без реални реформи, кои во изминативе повеќе од година дена воопшто ги нема не е можно отпочнување на преговори, дури и ако се промени името.
Заев лажеше и за преговорите за членство: Ветуваше отпочнување годинава, а доби условен датум за наредната година

Ладен туш за Зоран Заев од ЕУ. Унијата со јасна порака „нема отпочнување на преговори без реформи, многу работа, функционална правна држава, деполитизирана администрација и судство“. Унијата испрати порака дека дури и да го промени името, нашата држава нема да отпочне преговори без реални реформи.

Партијата која во својата програма прво ветуваше почеток на преговори за членство во ЕУ до крај на 2017 година, за потоа кога не го оствари ова да тврди дека веднаш по ратификацијата на договорот со Грција во Собранието ќе добие датум за почеток на преговори, доживеа дебакл и веќе нема ниту еден аргумент за својата неспособност.

– Верувам во оптизмот и верувам во позитивниот потстрек на сите. Очекувам 2018-та година Македонија да започне преговори за членство во ЕУ, свесен сум дека Грција тука е важен актер, изјави Заев на крајот на 2017 година.

На иста линија продолжи премиерот и во 2018 година, па на крајот на април од Владата на Република Македонија, од заедничката прес-конференција со Еврокомесарот Јоханес Хан, Заев кажа:

– Владата на Република Македонија уште поенергично ќе ги води реформските и политичките процеси во следните два месеци за во јуни Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Овие негови изјави можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

Владата повеќе од година дена ги лажеше граѓаните дека по ратификацијата на договорот државата ќе отпочне преговори со ЕУ.

Имено Зоран Заев и владата тврдеа дека по ратификацијата на договорот во Собранието на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 – 26 јуни ќе уследи сигурен позитивен сигнал за отпочнување на преговори. Договорот иако ратификуван не резултираше со почеток на преговори. Преговорите се условени со реформи кои државата мора да ги спроведе.

Реалноста е дека без реални реформи, кои во изминативе повеќе од година дена воопшто ги нема не е можно отпочнување на преговори, дури и ако се промени името. Постои опасност да се влезе во евентуален референдум со условен датум за преговори, кој со сигурност ќе пропадне доколку Заев потфрли со реформите, како што вообичаено потфрла. Па следствено да бидеме држава со променето име, но сепак нема да води преговори за ЕУ поради својата неспособност, неработа и незнаење.

Најнови вести