Манчестер Јунајтед не се откажува од желбата да го ангажира дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез. 24-годишниот бек е една од желбите на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг, кој минатата сезона работеше со Мартинез во клубот од Амстердам.
Откако пропадна опцијата за доведување на младиот Јуријен Тимбер, клубот се сврте кон Мартинез, но во игра е и Арсенал. Понудите на „топџиите“ и Манчестер Јунајтед од по 45 милиони евра беа одбиени од Ајакс, но Јунајтед оди чекор понатаму. Клубот од „Олд Трафорд“ подготви 51 милион евра и очекува да добие одговор уште во текот на денот.