На 08.07.2022 во Полициска станица Кочани е пријавено дека на 07.07.2022 година во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, починал Б.К.(57) од с.Теранци, кочанско, кој на 29.06.2022 бил донесен кај нив со повреди.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад пред трактор, управуван од С.Г.(81), а по дополнително извршени проверки од страна на полициските службеници е констатирано дека лицето било удрено со трактор.
За случајот е известен Јавен обвинител.