Денеска (10.07.2022) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 244 возачи. Од нив 73 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 23 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 91 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 153 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.