Иако се чинеше дека Барселона конечно ќе се ослободи од Самуел Умтити, сепак неговиот трансфер во Рен пропадна.
Каталонски „Спорт“ информира дека Французинот не ги минал лекарските прегледи, иако се беше договорено за негово доаѓање.
Според непотврдени информации проблемот се појавил при тестовите за срце, па клупскиот доктор на Рен не дал согласност за трансфер.
Трансферот е дефинитивно пропаднат и Рен бара друг дефанзивец, а Барселона ќе мора да бара друга дестинација за Умтити, кој е надвор од плановите на Чави.