Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе имаа обврски во СЕХА лигата во месец август и септември под услов за изборат пласман на завршниот турнир во Задар, Хрватска.
Имено Управниот одбор на СЕХА-лигата денеска одлучи како се заврши натпреварувачката 2021/22, па така е решено да имаме четвртфинални битки во кои нашите преставници ќе бидат домаќините на Нексе и Мешков Брест.
Вардарци ќе го пречекаат хрватскиот тим, додека Пелистер во Битола ќе се соочи со тимот од Белорусија. Останатитите парови се Татран-Веспрем и Војводина-ППД Загреб, средбите ќе се играат меѓу 8 и 25 август.
Фајналфор турнирот пак е закажан за од 2 до 4 септември во Задар.