Рахим Стерлинг е новиот играч на Челзи.
Стерлинг реши да го напушти Манчестер Сити откако му стана јасно дека повеќе нема минутажа во овој клуб како порано, па среќата ќе ја бара во редовите на лондонските сини.
Доаѓањето на Стерлинг предизвика еуфорија кај навивачите на Челзи, а за тоа сведочат и сцените од САД каде Челзи се подготвува.
Пред тренингот на тимот, Стерлинг беше пречекан од голем број навивачи на тимот од Лондон кои сакаа да добијат автограм и фотографија.
Стерлинг може да биде добро засилување за Челзи, а според првите слики навивачите со ентузијазам го дочекаа неговото доаѓање.
What a welcome! 👏#SterlingIsChelsea pic.twitter.com/nbIlloLLV3
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2022