недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маратонката Поп Арсова единствен македонски учесник на Светското атлетско првенство

Маратонката Поп Арсова единствен македонски учесник на Светското атлетско првенство

Американскиот град Јуџин од утре до 25 јули ќе биде домаќин на Светското атлетско првенство на кое единствен македонски претставник ќе биде маратонката Адријана Поп Арсова.

Маратонската трка во женска конкуренција е на програмата на 18 јули со почеток во 15:15 по македонско време.

Поп Арсова треба да се појави на стартот во конкуренција на 48 маратонки.

На Светското првенство во Јуџин ќе настапат вкупно 1.900 атлетичари од 190 држави. (МИА)