петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Судска извршителка прекршила закон – еве за што ќе одговара скопјанка

Судска извршителка прекршила закон – еве за што ќе одговара скопјанка

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 58-годишна жена од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Таа, во својство на судски извршител, на 09/10.04.2022 во дневен весник објавила лични податоци на машко лице од Кичево без негова согласност.

Објавата се однесувала за предмет кој немал извршен наслов,  со што, спротивно на условите утврдени со закон, му нанела штета, му го нарушила личниот авторитет и приватност.