сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари

Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU и по наредба на надлежниот министер Христос Стилианидис, „Грција на механизмот му стави на располагање два авиони Canadair CL-415, кои веќе заминаа за Франција“.

Тие додаваат дека ова е првпат Франција да го активира rescEU и да побара помош за справување со шумските пожари, а „Грција засега е првата и единствена земја која одговори на барањето, поддржувајќи ја во пракса и со сите свои расположливи сили, европската солидарност“. (МИА)