петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Билд“ остана без зборови по елиминацијата на Германија од СП 2018 и ја повтори истата насловна страница од 2014 година (ФОТО)

„Билд“ остана без зборови по елиминацијата на Германија од СП 2018 и ја повтори истата насловна страница од 2014 година (ФОТО)

Германската репрезентација го продолжи негативниот тренд на шампионите од претходните две Светски првенства и испадна уште во групната фаза од натпреварувањето. Германските медиуми спортски го прифатија поразот, а најмногу класа и досетливост покажа „Билд“, кој излезе со креативно решение за насловната страна од денешниот број на весникот.

Ова е првпат по 1938 година Германија да не успее да се квалификува во нокаут-фазата од Светските првенства, а весникот Bild го опиша вчерашниот ден како „најголемиот срам на германскиот фудбал“.

Насловната страница на денешниот број (четврток, 28.06) на весникот „Билд“ имаше насловна страница составена од слика од разочараниот Тони Крос и на неа наслов „Ohne Worte“ или во превод „без зборови“. Оваа насловна алудираше на онаа од истиот весник во 2014 година, кога Германците го демолираа Бразил со резултат 7:1.