среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја се согласија дека треба да се подобрат односите меѓу двете земји

Министрите за надворешни работи на Јапонија и Јужна Кореја се согласија дека треба да се подобрат односите меѓу двете земји

Министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и Јапонија за време на денешниот состанок се согласија дека треба да ги подобрат односите меѓу двете земји и да работат заедно на решавање на историските прашања и одговорот на нуклеарната закана од Северна Кореја.

Односите меѓу Јужна Кореја и Јапонија беа затегнати поради настаните од времето на јапонската окупација од 1910 до 1945 година. Двете земји имаат неколку спорови, од прашања за присилна работа за време на војната до контрола на извозот.

Главниот проблем во односите е пресудата на јужнокорејскиот суд од 2018 година, според која јапонските компании Нипон Стил и Мицубиши треба да платат компензација на Корејците кои биле принудени да работат во тие компании за време на окупацијата.

Нипон Стил и Мицубиши одбија да ја почитуваат пресудата, а поранешните принудни работници и нивните поддржувачи одговорија со кампања за принудна продажба на акциите во двете компании.

Корејскиот министер Парк Џин и неговиот јапонски колега Јошимаса Хајаши се согласија дека спорот за принудна работа треба брзо да се реши, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.

Според соопштението од јапонската страна, Хајаши рекол дека е неопходно да се изградат конструктивни односи врз основа на нормализирање на односите од 1965 година. Токио долго време тврди дека сите прашања за компензација веќе биле решени до таа година.

Новата, конзервативна влада на Јужна Кореја, предводена од премиерот Јун Сук-Јул, се залага за подобри односи со Јапонија и зајакнување на трилатералната соработка со Вашингтон и Токио, за да можат земјите подобро да одговорат на нуклеарните закани од Северна Кореја.