Времето утре ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Од четврток до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел од земјава ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.