Спортското игралиште „Никола Христовски” е пуштено во употреба!
Општина Аеродром доби уште едно современо спортско игралиште на кое сите наши жители ќе можат да спортуваат, да се дружат и да создаваат спомени за паметење.
Спортското игралиште кое е сместено во срцето на Ново Лисиче го носи името на нашиот прерано починат Никола Христовски – Кољо. Игралиштето е со сите најсовремено услови погодни за сите годишни времиња.
Со ова игралиште споменот за Никола ќе трае вечно, а токму тука ќе се градат нови спортски таленти кои гордо ќе ја претставуваат Општина Аеродром и Република Македонија!
#НашАеродром #ПроменитеСеСлучуваат, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром.
Спортското игралиште „Никола Христовски” е пуштено во употреба!
Општина Аеродром доби уште едно современо спортско…
Posted by Timco Mucunski on Monday, July 18, 2022