четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо му се јавил на Вајналдум да го убедува, трансферот во Рома е на дофат

Мурињо му се јавил на Вајналдум да го убедува, трансферот во Рома е на дофат

Жозе Муињо полкека составува одличен тим на „Олимпико“, ставајќи ја Рома во кандидатите за топ-4 во Серија А во претстојната сезона. Откако Пауло Дибала дојде како едно од најголемите засилувања на клубот во последниве десетина години, сега на повидок е трансфер на Џорџино Вајналдум.

Холандскиот репрезенативец, кој замина од Ливерпул во ПСЖ минатото лето, немаше сезона каква што посакуваше, со само еден гол и три асистенции во 31 меч, а со доаѓањето на Кристоф Галтие за нов тренер, местото во тимот му виси. Затоа Рома се заинтересира за него и тоа лично Жозе Мурињо му се јавил за да го убеди да дојде во италијанската престолнина.

Италијанските медиуми навестуваат дека Рома и ПСЖ лесно ќе се договорат, со оглед на тоа дека на Французите нема да им пречи да се ослободат од играч на кој не сметаат, а зема плата од 9 милиони евра. Проблемот е што Рома не може да плати некоја астрономска отштета за договорот со ПСЖ, кој трае до 2024 година, па единствена опција е позајмица.

Дури и тогаш, италијанскиот клуб нема средства за плата од 9 милиони евра, па се претпоставува дека ќе ја исплаќаат по половина со ПСЖ, но со обврска Рома да го ангажира трајно во јуни 2023. Вајналдум има 31 година и 86 настапи за Холандската репрезентација, во кои постигнал 26 гола.