Првиот официјален трофеј во ракометната сезона 2022/23 ќе биде доделен на 28 август. Кон крајот на следниот месец eкипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се борат за македонскиот Суперкуп.
Шампионот и финалистот на Купот на Македонија од минатата сезона ќе се сретнат меѓу СЕХА-активностите на двете екипи, а локацијата треба да биде дополнително позната.
„Црвено-црните“ во својата клупска историја освеиле три титули во Суперкупот, додека тимот од Битола во минатата сезона дојде до првиот.