Во полициската станица Бит пазар во 00.11 часот било пријавено дека починала 22-годишната Љ.С. од кумановско.
Како што информираат од МВР, полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од МВР.