сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Поддршката за Украина продолжува и со новиот премиер на Британија

Џонсон: Поддршката за Украина продолжува и со новиот премиер на Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски и му рече дека поддршката на Обединетото Кралство нема да престане, без разлика кој ќе ја преземе власта, и ја поздрави веста за договорот со посредство на ОН за враќање на извозот на жито од Украина.

Портпаролката на Даунинг стрит рече дека Зеленски му се заблагодарил на премиерот за неговата одлучна поддршка за Украина, како и за неговите убави зборови во неговото последно обраќање до парламентот, пишува Гардијан.

Британскиот премиер ги истакна сите неодамнешни чекори што неговата земја ги презеде за зајакнување на украинскиот отпор, вклучително и обуката на илјадници украински војници во Обединетото Кралство.