недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Украинската војска, чекор по чекор, напредува кон Херсон

Зеленски: Украинската војска, чекор по чекор, напредува кон Херсон

Украинските сили постепено напредуваат кон регионот Херсон, што е окупиран од Русија уште од почетокот на инвазијата врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата.

-Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но колку тоа им помогна? Украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област, ​​рече Зеленски, пренесен од британските медиуми.

Руската армија на почетокот на март ја окупираше областа Херсон, со напад што го почна од анектираниот Крим. (МИА)