недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Болен пораз за Шкупи, Динамо Загреб продолжува во следната фаза

Болен пораз за Шкупи, Динамо Загреб продолжува во следната фаза

Фудбалерите на Шкупи не успеаја да направат изненадување и да го елиминираат хрватскиот шампион Динамо Загреб во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, иако во реваншот пред своите гледачи на Националната Арена „Тодор Проески“ го започнаа натпреварот со одлични 2:2.

На крајот Динамо Загреб славеше со 0:1, а единствениот гол го постигна македонскиот репрезентативец и капитен на хрватскиот шампион, Аријан Адеми во на стартот од второто полувреме во 47 минута.

И покрај поразот од Динамо, македонскиот шампион ги продолжува настапите во фудбалска Европа и тоа во квалификациите за пласман во групата фаза во Лигата на Европа. Евентуален неуспех во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, ги носи во плеј-оф натпреварот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.