понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Македонец загина во тешка сообраќајка во Црна Гора (ФОТО)

ТРАГЕДИЈА: Македонец загина во тешка сообраќајка во Црна Гора (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загинал мотоциклист, државјанин на Македонија, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобили и мотоциклист, кој починал на лице место.

Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње, а се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.

Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње беше во прекин, поради што се формираа колони од Подгорица кон Цетиње во двата правци.