понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од Германија во Украина пристигна ракетниот систем „МАРС 2“

Од Германија во Украина пристигна ракетниот систем „МАРС 2“

Покрај новата пратка на ракетниот систем ХИМАРС, испорачан од САД, од Германија во Украина пристигнаа и повеќецевни ракетни системи МАРС 2, соопшти министерот за одбрана Алексеј Резников.

„Третиот брат од семејството „долга рака“ пристигна во Украина – MARS 2 МСЗВ од Германија, напиша Резников на Твитер.

Резников се заблагодари и на Германија и лично на министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Нашите артилерици ги поздравуваат своите германски партнери“, додаде Резников. (МИА)