На 01.08.2022 околу 14:00 часот во Полициско одделение Чашка е пријавено дека во атар на село Витанци, велешко, настанал пожар во овоштарник, сопственост на И.К.(26) од Велес.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.