недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил оштетен од залутан куршум во Чаир

Автомобил оштетен од залутан куршум во Чаир

На 03.08.2022 во 09:00 часот во Полициската станица Чаир, М.Ќ.(45) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот на подрачјето на Чаир забележал дека патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.В., било оштетено од залутано зрно.

Екипа од СВР Скопје извршила увид и зрното било подигнато за понатамошна постапка.