петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Детски пелени полни со злато, вредно над 18.000 евра

ФОТО: Детски пелени полни со злато, вредно над 18.000 евра
Царинска управа Србија

Српската Царина вчера во соработка со полицијата на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија обидот на двајца патници во памперс пелени да прошверцуваат преку граница златен накит чија вредност се проценува на повеќе од 2,2 милиони динари (18.752 евра), јави дописникот на МИА од Белград.

Царинска управа Србија

Како што соопшти Царинската управа, прекршокот бил откриен кога на влезот на овој премин во Србија бил издвоен на детален преглед автомобил „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, во кој од правец на Македонија кон Швајцарија се движеле млад брачен пар.

-Иако рекоа дека немаат што да пријават, царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување памперс пелени. Неговата необична тежина го подигнала сомнежот дека нешто се крие во него, што набрзо се испостави дека е вистина, бидејќи во неколку пелени се пронајдени речиси половина килограм златни ланчиња и алки со дукати „Франц Јозеф“, како и синџири и прстени, соопштија од Царината.

Царинска управа Србија

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено и возилото проценето на над милион динари.