Денеска (09.08.2022) во периодот од 07:00 до 11:00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 29 возачи.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.