петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Болоња бараше 14 милиони евра од Манчестер јунајтед за Арнаутовиќ

Болоња бараше 14 милиони евра од Манчестер јунајтед за Арнаутовиќ

Познати се деталите од разговорите на Манчестер јунајтед за трансферот на напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ.

Според новинарот Фабрицио Романо, италијанскиот клуб сакал да добие од 13 до 14 милиони евра за 33-годишниот Австриец.

Манчестер јунајтед сериозно размислуваше за опцијата за купување на напаѓач, но подоцна се откажа од оваа идеја поради незадоволството на навивачите. Премиерлигашот нема да го купи Арнаутовиќ, клубот не планира да се врати на преговори.

Минатата сезона Арнаутовиќ на 34 натпревари за Болоња постигна 15 голови и оствари една асистенција.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на напаѓачот на шест милиони евра.  (МИА)