четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шефот на МААЕ побара пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина

Шефот на МААЕ побара пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси побара во Советот за безбедност на ОН пристап до нуклеарната централа во Запорожје, Украина, каде се вршат воздушни напади, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат.

„Ситуацијата е сериозна и МААЕ мора да биде овластена да ја изврши својата мисија во Запорожје што е можно поскоро“, нагласи Гроси, говорејќи онлајн за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на украинската нуклеарна централа.

Гроси рече дека „времето истекува“ и потсети дека МААЕ со недели се обидува да испрати мисија за проверка на објектот.

Местото на електраната Запорожје, најголемата во Европа, од почетокот на март е под руска контрола. Со цел да се гарантира безбедноста на локацијата и да се овозможи инспекциската мисија, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и САД повикаа на формирање демилитаризирана зона околу централата.