Денеска (13.08.2022) во 08.40 часот во СВР Велес К.А.(33) од Гостивар, кој управувал товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, пријавил дека во товарната приколка од камионот слушнал звуци.
-Полициски службеници од СВР Велес заедно со претставници од Царинската управа веднаш излегле на лице место и во приколката пронашле едно лице мигрант од Мароко, информира МВР.
Лицето е спроведено во Приватно-транзитен центар Винојуг за понатамошна постапка.