Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го освои ЕХФ шампионатот кој се играше во Рига, откако во финалето ја совладавме селекцијата на Швајцарија со 24-22.
Со освојувањето на ЕХФ шампионатот, македонските ракометни кадети обезбедија и место на Европското првенство за младинци во 2024 година, и Светското кадетско првенство идната 2023 година.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија беше неизвесен, а Швајцарците беа поблиску до победата откако поведоа со 22-20 на осум минути пред крајот. Но отогаш не постигнаа ниту еден гол, ние дадовме четири и дојдовме до победата.
Димковски со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Петковски постигна шест, Калајџиески четири, најдобар на мечот беше голманот Брестовац.