Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед сака до крајот на летниот преоден рок да ги ангажира играчот на Челзи, Кристијан Пулишиќ, голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер, и Бразилецот Каземиро од мадридски Реал, пренесуваат денеска британските медиуми.
Клубот од „Олд Трафорд“ овој преоден рок веќе се засили со Кристијан Ериксен, Лисандро Мартинез и Тирел Маласија.
Меѓутоа, на англискиот клуб му се неопходни дополнителни засилувања за да може да биде конкурентен во продолжение на сезоната.
Британските медиуми наведуваат дека Црвените ѓаволи во финишот на преодниот рок ќе тргнат во „паничен шопинг“, бидејќи Манчестер јунајтед лошо ја отвори сезоната со два врзани порази. (МИА)