среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без вода утре две улици во Аеродром

Без вода утре две улици во Аеродром

Поради промена на затворач ф-100 мм на ул. „Симеон Кавракиров“ 21, утре од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците од истата улица и дел од ул. „Петар Ацев“ во Општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде до завршување со работните активности.

По промена на затворачот ф-100 мм, ќе биде повторно активирано водоснабдувањето.