Поп-ѕвездата Наташа Беквалац постојано добива комплименти за нејзиниот изглед. Многумина велат дека како поминува времето, Наташа изгледа подобро и подобро.
-Како да сум се вратила на некој убав, искрен пат, а тоа е да се задоволувам со мали работи – дека моите деца се добро, дека моите родители се добро, сите што ги познавам… И навистина сум среќна. Мирот е најважен, а ние вечно бараме немир и возбуда кои траат толку кратко, а всушност потоа се враќаме на она кон што треба да се стреми секое човечко суштество, рамнотежа и мир, објасни Наташа, која потоа одговори на коментарите дека ќерката Хана би и ја „зела славата“.
-Тоа ми звучи како некаква конкуренција, а како може мајка и ќерка да бидат конкуренција на некој начин? Сакам во секој поглед да страда помалку од мене, да биде многу подобра од мене, рече таа.