Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов играч на екипата на Барнли.
Англискиот второлигаш постигна согласност со Штутгарт и наводно за пет милиони евра го откупи нашиот офанзивец. Македонецот доаѓа како желба на тренерот Винсент Компани, кој притисна за трансферот да се реализира. Соработката е склучена за наредните четири години.
22-годишникот прикажа одлична форма во подготвителниот период. Тоа му донесе интерес од неколку екипи, а само Барнли беше подготвен да го плати она што го бараше бундеслигашот.
We have reached agreement with @BurnleyOfficial for the transfer of Darko #Churlinov. ✍️
Thank you for your service and good luck, Darko! 🙌#VfB pic.twitter.com/jVtcLgE6za
— VfB Stuttgart_int (@VfB_int) August 19, 2022
Чурлинов од 2014 година игра надвор од Македонија. Најпрво доби шанса во Ханза Росток, а потоа преку Магдебург стигна до Келн и потоа Штутгарт.