среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Каземиро од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед

Официјално: Каземиро од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед на својот клупски сајт објави дека е постигнат договор со Реал Мадрид за трансфер на Каземиро.

Реал како надомест ќе добие 60 милиони фунти и уште 10 низ бонуси. Се очекува Каземиро со „црвените ѓаволи“ да потпише договор на четири години.

Каземиро во својата кариера има над 500 професионални натпревари, вклучувајќи 63 на меѓународно ниво за неговиот Бразил.

Во дресот на „кралскиот“ клуб успеа пет пати да ја освои Лигата на шампионите, а со репрезентацијата во 2019 година дојде до трофејот на „Копа Америка“. На клупски план ги бранеше уште боите на Сао Паоло и Порто (позајмица 2014-2015).