недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец денес немал среќа: Ограбил две обложувалници, но не им се израдувал на парите – еве ги деталите

Скопјанец денес немал среќа: Ограбил две обложувалници, но не им се израдувал на парите – еве ги деталите

Полициски службеници уапсиле скопјанец по добиена пријава дека извршил две разбојништва во спортски обложувалници, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Б.М. (28) од Скопје, по добиена пријава дека денеска извршил две разбојништва во спортски обложувалници во Скопје. Кај Б.М. се пронајдени парите кои ги одзел при извршување на кривичните дела и еден нож и парите ќе бидат вратени на сопствениците, се наведува во соопштението од МВР.

Според МВР, лицето првото кривично дело разбојништво го извршил денеска во 15:25 часот, а второто во 16:50 часот.

За преземените мерки и активности известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје и по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.