Во следните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи.
Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период.