Бојана Родиќ и Мирко Шијан го чекаат нивното второ дете, а сега дојде време да го објават и полот на бебето.
Имено тие организираа голема прослава во Титл каде го собраа целото семејство и пријатели, а во таа прилика го открија и полот на бебето.
Парот очекува уште едно момче, а тоа го откри Бојана која го дупна балонот, а потоа скокна и од среќа кога ги здогледа сините балони.
Среќата не можеше да ја сокрие ниту пресреќната баба, пејачката Гоца Божиновска, како и сестрата на Бојана, Богдана Родиќ која е сопруга на Вељко Ражнатовиќ.
Во една своја прилика пејачката открила и како се чувствува како баба.
-Ние двајца сме најдобри пријатели, по цел ден викаме баба, баба… и јас летам одма околу него штом го слушнам тоа. Сега и Бојана повторно е бремена, Мирко и јас се преземавме на себе, за таа да ужива и одмора. Кога ако не сега да одмори кога е во оваа состојба, тука сме што и да треба, така да покрај вакви баби и дедо, дадилките можат веднаш да одат во пензија, вели пејачката.