вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкции за непрописно вградени фолии

Санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 15.08.2022 до 21.08.2022  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

При контролата санкционирани се 15 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.