четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Стефан Додиќ на позајмица во ППД Загреб

Стефан Додиќ на позајмица во ППД Загреб

Поранешниот член на ГРК Охрид, Металург и Вардар 1961, Стефан Додиќ, кариерата ќе ја продолжи во екипата на ППД Загреб.

Младиот српски талент ќе игра на позајмица во хрватскиот гигант. Киелце прифати да го пушти за тековната сезона, со опција да продолжи уште една година.

Загрепчани во новата сезона ќе влезат со високи амбиции. Во тимот пристигна и искусниот Тимур Дибиров, кој по девет години си замина од Вардар.