Поради инцидентот со Антонио Конте, Тухел заработи парична казна, а сега се соочува и со дополнителна санкција поради недолични коментари за главниот судија, Ентони Тејлор.
Тухел јавно истакна дека Тејлор можеби не треба веќе да му суди на неговиот тим, а после таа изјава Германецот веројатно ќе добие дополнителна санкција.
Потоа стратегот на Челси се правдаше дека не го навредил судијата, но од ФА не мислат така и против него веќе е покрената постапка.