четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец, пронајдено одземено возило

Приведен крадец, пронајдено одземено возило

Денеска (23.08.2022) полициски службеници од СВР Битола-Полициско оделение за безбедност во сообраќај Демир Хисар околу 17:30 часот го лишиле од слобода Ш.Р. (30) од Ресен по претходна пријава во 16,55 часот од Ј. Н. од Демир Хисар дека му било одземено  неговото патничко моторно возило “сузуки”, кое било паркирано на ул.Партизанска во Демир Хисар.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни активности и возилото е пронајдено во близина на место викано Мраморица, а сторителот е приведен.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.