среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал одбиле 90.000.000 за Валверде

Реал одбиле 90.000.000 за Валверде

Реал Мадрид, од неименуван клуб од Премиер лигата, одбиле понуда од неверојатни 90.000.000 евра за репрезентативецот на уругвај, Федерико Валверде.

Откако „Снатијаго Бернабеу“ го напушти Касемиро, во Реал веруваат дека Валверде заедно со Камавинга и Чуамени ја претставува иднината на клубот. Овие тројца добиваат се повеќе шанси и покрај тоа што Модриќ и Крос се уште се незаменливи во стартниот состав.

Реал од продажбата на Касемиро заработи 70.000.000 евра.

Мистерија е само кој клуб понудил богатство за Уругваецот.

Мадридските медиуми пишуваат дека веројатно не станува збор за Тотенхем и Ливерпул, додека останатите од врвот на англискиот фудбал: Челси, Манчестер јунајтеди Арсенал ќе се обидат до крајот на предониот рок да се засилат со играч од редот за врска.

Манчестер сити е надвор од сите комбинации бидејќи Пеп Гвардиола изјави дека неговиот клуб повеќе нема да купува во актуелниот преоден рок.