петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шест сообраќајки во изминатите 24 часа во Скопје

Шест сообраќајки во изминатите 24 часа во Скопје

Две лица биле полесно повредени во една од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден возач за неправилно престројување, како и четворица возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло. Затекнати биле 63 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, како и 13 нерегистрирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 67 возила.