среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МААЕ го повтори барањето за мисија во нуклеарната централа во Запорожје

МААЕ го повтори барањето за мисија во нуклеарната централа во Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го повтори своето барање да испрати мисија за проценка на безбедноста во украинската нуклеарна централа во Запорожје.

Потсекретарот на ОН за политички и мировни прашања Розмари Ди Карло на почетокот на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје најави дека генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси побарал мисијата на МААЕ да изврши безбедносни проверки во централата.

„Подготовките за мисијата се во тек и МААЕ е во активна консултација со сите страни во врска со напорите да се испрати таква мисија што е можно поскоро“, рече Ди Карло.

Таа додаде дека ОН имаат логистички и безбедносни капацитети „да поддржат од Киев секоја мисија на МААЕ во електраната, под услов Украина и Русија да се договорат“.