вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина врати мал дел од својата територија во Запорожје

Украина врати мал дел од својата територија во Запорожје

Украина денеска соопшти дека вратила 400 метри од својата територија југозападно од Вербове во регионот Запорожје.

Портпаролот на армијата Олександр Ступун рече дека напредувањето кон југ останува тешко поради руските мински полиња и силно зајакнатата одбрана, пишува Гардијан.

Селото Вербове е неколку километри источно од Роботин, село што Украина го освои минатиот месец додека се обидува да се пробие на југ кон Азовското Море.

Украинската армија соопшти дека нејзините сили биле под оган во близина на градовите Купјанск и Авдијевка.

Ступун рече дека руските сили „не престануваат со нивните обиди да ја опколат Авдиевка и продолжуваат да вршат притисок таму“. (МИА)