среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција ќе ја проширува оградата долж границата со Турција по целиот тек на реката Марица

Грција ќе ја проширува оградата долж границата со Турција по целиот тек на реката Марица

Грчкиот владин совет за национална безбедност на синоќешната седница посветена на зголемениот миграциски притисок врз копнената и врз поморската граница на Грција одлучи да се прошири оградата долж границата со Турција.

Одлучено е постепено да се продолжува оградата, со приоритет на чувствителните влезни места за илегални мигранти. Советот, исто така, одлучи да ги зајакне средствата за надзор, јави грчката новинска агенција АНА- МПА.

Моментално, оградата е долга 38 километри, покривајќи го краткиот копнен дел кај Едрене и релативно мал дел од реката. Вкупната должина на границата меѓу Грција и Турција во Тракија е околу 200 километри и минува по долниот тек на реката Марица (Евра).